Одбојкарите на Вардар продолжуваат со победничката низа во Првата одбојкарска лига за мажи. Во викенд возбудувањата од 11. коло, „црвено-црните“ со максимални 3:0 го добија дуелот со Дибра Волеј и продолжија да се искачуваат на првенствената табела.
Таму на врвот се уште неприкосновен е шампионот Струмица 47&72, кој не знае за пораз откако ги доби и мечот со Штуп од ова тековно коло, но неколку дена претходно и заостанатиот меч од 10. коло против Лирија. И двата меча шампионот ги реши со максимален резултат.
За утре е закажан и последниот меч од тековното коло меѓу екипите на Лирија и Универзитет во Тетово, кој впрочем треба да биде и дерби на ова 11. коло.
Прва лига (мажи), 11 коло:
Весна Пробиштип – Јанта Волеј 3:0 (25:16, 25:20, 25:23)
Македонија Џио – Шкендија 0:3 (12:25, 12:25, 13:25)
Вардар – Дибра Волеј 3:0 (25:14, 25:14, 25:11)
Штип – Струмица 47&72 0:3 (15:25, 14:25, 11:25)
Лирија – Универзитет во Тетово (понеделник – 19.30 ч.)