Напаѓачот на Херта, Стеван Јоветиќ блескаше на мечот со Штутгарт во 14. коло на Бундес лигата. Херта на „Мерцедес арена“ во Штутгарт губеше со 2:0, но благодарение на црногорскиот напаѓач кој постигна два гола стигна до бод – 2:2.
Стрелци за Штутгарт беа Мармуш во 15. и Форстер во 19. минута.
Херта стигна до третото реми сезонава и има 15 бода, додека Штутгарт е под неа со бод помалку.