Македонската кошаркарска репрезентација за првпат во својата историја обезбеди пласман во едни мундијалски квалификации. „Црвено-жолтите“ како првопласирани ги завршија претквалификациите за СП 2023 година.
Пред стартот на истите кошаркарите заедно со КФСМ договорија премија за успешно минување на тешкиот пат до Мундијалот. Истата изнесува 15.000 евра, според нашите информации, раководството на нашата „куќа на кошарката“ ја подели премијата.
Македонија со два порази тргна во квалификациите за СП 2023 година, на домашен терен беше совладана од актуелниот светски првак, Шпанија, додека на гостински терен беше поразена во Украина убедливо и покрај добрата игра во првото полувреме.
Во февруарскиот прозорец, нашите момци ќе играат против Грузија, два меча.