ВАР шоу на „Гудисон“ и победа на Евертон со гол во 92 минута (видео)

459

Евертон и Арсенал одиграа интересен натпревар во 15. коло на англиската Премиер лига. Мечот освен два гола (1:1) го одбележаа и ВАР моменти. Во 44. минута поради офсајд на Ришарлисон му беше поништен погодок, откако судијата се консултира со колегите од ВАР собата. Веднаш потоа Одегард го доведе Арсенал во предност.

Во првото полувреме имаше уште една сомнителна ситуација кога се прегледуваше откако Бен Годфри го згазна Томијасу, но судијата не покажа црвен картон затоа што оцени дека играчот на Евертон немал намера да го повреди противникот.

Во 58. минута Ришарлисон стрела во мрежата, но ВАР го поништува голот поради офсајд. Од третиот обид бразилскиот напаѓач погодува за 1:1.

Но тоа не беше се. Се играше 92 минута кога Демарај Греј со прецизен шут ја смести топката во голот на „топчиите“.

Арсенал го доживеа шестиот пораз и е на седмото место на табелата, а Евертон ја впиша петтата победа и е на 12-тата позиција.

ПретходноИсториски момент за Конго – се пласира во главната рунда на СП! (видео)
СледноПад во кариерата на Азар, ќе му биде соиграч на Ердон Даци?