Чикаго е еден од најдобрите тимови во досегашниот дел од сезоната, ова на своја кожа можеше да го почувствува Денвер. Нагетси беа поразени против Булси со 10-97 и покрај фантастичната партија на Никола Јокиќ.
Српскиот репрезентативец запиша трипл-дабл, но Денвер кој мака мачи со повреди, во последните десет меча запиша осум порази.
Јокиќ средбата ја заврши со 17 поени, 12 скока и 15 асистенции, на вечната листа го „скокна“ легендарниот Лери Брд, сега е на осмата позиција со 60 трипл-дабли. Пред него е Џејмс Харден, кој има два повеќе.
Congrats to Nikola Jokic of the @nuggets for moving up to 8th on the all-time TRIPLE-DOUBLES list! #NBA75 pic.twitter.com/UDqElBOphs
— NBA (@NBA) December 7, 2021
Чикаго пружи далеку покомплетна партија, во која беше предводен од тројца играчи, особено во последните 15 минути од играта. Зек Лавин постигна 32 поени во победничкиот тим, а Лонзо Бол и Никола Вучевиќ имаа по 10 скока со 20 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Филаделфија 124: 127
Детроит – Оклахома 103:114
Мајами – Мемфис 90: 105
Чикаго – Денвер 109:97
Милвоки – Кливленд 112:104
Минесота – Атланта 110: 121
Феникс – Сан Антонио 108:104
Голден Стејт – Орландо 126:95
Портланд – ЛА Клиперс 90: 102