Роберт Левандовски конечно го прекина молкот, но и дипломатските изјави по доделувањето на „Златната топка“.
Признанието на „Франс Фудбал“ оваа година му припадна на Лионел Меси, кој на свечената церемонија говреше дека наградата за минатата година треба да ја добие Леванодвски и истата мора да биде во неговите раце, тој побара од организаторот да го стори тоа.
Во меѓувреме по бројните критики на познати фудбалски имиња околу „Златната топка“, во јавноста се огласи и Лева. Полскиот напаѓач ја отвори душата.
„Што се однесува до моите чувства и емоции, бев во лоша состојба минатата недела. Не сакам да лажам, бев тажен. Не беше лесно да играм без среќата која ми фалеше. Не бев среќен, туку спротивно…
Толку сте близу, за наградата се борите како играч што е Меси, а потоа доаѓаат коментирари дека истата ја заслужувам токму јас. Го почитувам Меси и неговата игра, како и она што го има постигнато. Фактот дека со борам со еден таков играч ме прави да сум горд, но истовремено почувствував тага, која не траеше еден или два дена, туку подолго“, ја отвори душата Левандовски.
Тој ја искоментира изјавата на Меси за време на доделување на „Златната топка“.
„Би сакал тоа да биде искрена изјава од голем играч, а не само зборови. Не сакам да се возбудувам, но постои избор врз основа на сè што е направено. Но, да се биде толку блиску, а сепак толку далеку остава горчлив вкус, ќе ми треба, време за сето она што го носам во себе“.
Интересно е дека Меси не го поканил Лева на забавата која ја организираше по свечената церемонија.