Лига Шампиони: Баерн ја “откажува“ Барса, Ракип на гости кај Јуве!

239

Вечерва се играа последните осум меча во групната фаза во Лигата на Шампионите. Секако дека најинтересно е што ќе се случува во Минхен, каде во големото дерби во групата – Е играат Баерн и Барселона. Во случај на пораз на „Алианц Арена“, а Бенфика дома го победи Динамо Киев, тогаш каталонците нема да играат во следната фаза во ЛШ напролет.

На “Баварците“ ништо не им треба, тие се пласирани веќе, но затоа за Барса ова е екстра заачаен меч.

Нашиот репрезентативец Ердал Ракип, кој со својот Малме викендов повторно стана шампион на Шведска, ќе му гостува на Јувентус во Торино.

Малме нема шанси ни за ЛЕ, во групата Х се е познато, Јуве и Челзи одат натаму, останува да се види кој ќе биде прв. Инаку Челзи гостува кај Зенит.

Ралф Рангник, новиот стратег на Манчестер Јунајтед за првпат ќе го води тимот во Европа. На “Олд Трафорд“ доаѓа Јанг Бојс. Прашање е само дали Јунајтед како прв или како втор ќе ја заврши групата – Ф. На вториот меч ќе биде „жешко“, се среќаваат Аталанта и Виљареал. Италијанците само победа ги носи во следната фаза во ЛШ.

Најнеизвесно е во групата – Г. Лил е прв со 8 бодови, следува Салцбург со 7, трета е Севиља со 6, а Волфсбург има 5 бодови. Играат Салцбург – Севиља и Волфсбург – Лил.

ГРУПА – Е

БАЕРН – БАРСЕЛОНА (21:00 Ч)

БЕНФИКА – ДИНАМО (К) (21:00 Ч)

ГРУПА – Ф

АТАЛАНТА – ВИЉАРЕАЛ (21:00 Ч)

МАНЧЕСТЕР Ј. – ЈАНГ БОЈС (21:00 Ч)

ГРУПА – Г

САЛЦБУРГ – СЕВИЉА (21:00 Ч)

ВОЛФСБУРГ – ЛИЛ (21:00 Ч)

ГРУПА – Х

ЈУВЕНТУС – МАЛМЕ (18:45)

ЗЕНИТ – ЧЕЛЗИ (18:45)

Претходно“Врие“ на Чаир, ШОУ НА “Шверцерите“!
СледноПолувреме во ПМФЛ: Захов и Наумовски фаќаа зицери, “лавовите“ убедливи против “пандевци“!