ПОЛУВРЕМЕ: Вардар 1961 има негатива од два гола во Загреб

99

Вардар 1961 го игра последниот меч од оваа календарска година во Лигата на шампиони. На гостувањето кај ППД Загреб, директниот противник за шестата позиција на табелата по првото полувреме е 14-12.

Негативата од два гола не е страшна, македонскиот тим има нови 30. минути да ги намали грешки, да се поправи во нападот и да ја зацврсти одбраната за да дојде до победа.

Дибиров има три гола, Гаџа и Тото по два, на другата страна Чупиќ запиша пет погодоци.

ППД Загреб го отвори мечот со водство од 5-2 во 10. минута, три гола беа дело на екс-вардарецот, Чупиќ.

Хрватскиот тим влезе во серија на грешки, на другата страна македонскиот првак максимално казни, за помалку од седум минути направи серија од 1-6 и поведе со 6-8 во 17. минута. Тото, Моралес, Џукиќ, Дибиров и Моралес, ги дигнаа „црвено-црните“.

Дека ова ќе биде меч со многу пресврти најави Чупиќ со четвртиот погодок го прекина налетот на Вардар, го реализираше вториот седмерец, по изгубената топка. Мандиќ израмни на 8-8 за нови возбудувања.

Дибиров со два гола во низа, одново донесе плус два (8-10). Нешто подоцна, Томовски ја запиша четвртата интервенција, Вардар не искористи шанса да поведе со три гола разлика. На другата страна домаќинот со четири гола во низа го врати водството, беше 13-11.

Славиќ во самиот финиш имаше две важни интервенции, но на голема среќа ППД Загреб, не „поентираше“. Стоилов ја прекина серијата на противникот, хрватскиот тим на одморот оди со предност од 14-12. Тото доби две минути исклучување, а Чупиќ реализираше од седум метри.

ПретходноУЕФА ОДЛУЧИ: Мечот Аталанта – Виљареал одложен за утре
СледноДвојна струмичка радост во 12. коло кај одбојкарките