Победата над Вардар 1961 го искачи ППД Загреб на шестото место на табелата во групата А. И двата тима беа под притисок, што пак беше причина за лошиот ракомет во текот на сите 60. минути.
А под каков притисок беа и тренерите, најдобар доказ е Ивица Обрван. Поранешниот македонски селектор по звукот на сирената не издржа, се расплака, едноставно емоциите го совладаа.