Елмас безмилосен кон “лисиците“: И втор гол за фантастичниот Македонец! (ВИДЕО)

773

Фантастичен настап за Наполи за Македонецот Елиф Елмас. И втор гол на Дијамантот против Лестер во решавачкиот меч од Лигата на Европа.

По 24.минута кога стрелаше за 2:0, сега на ред дојде 53.минута и вториот гол за 3:2 за Наполи против Лестер. Ди Лоренцо го проигра нашиот Дијамант а овој во негов стил постигна нов гол, уште еднаш стрелаше прецизно во мрежата на “лисиците“.

БРАВО ЕЛИФ, БРАВО ДИЈАМАНТУ…

Да потсетиме, Наполи само со победа оди во следната фаза во Лигата на Европа, но лесно му е кога го има ЕЛИФ ЕЛМАС.

ПретходноОфицијално: Италија – Македонија во Палермо, во градот на Алекс и Нестор!
СледноПелистер со една монструозна четвртина го реши Гостивар