Наполи го совлада Лестер Сити со 3:2 во последното коло од групната фаза на Лигата на Европа и се пласира во нокаут рундата. Италијанците славеа благодарение на одличниот перформанс на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој постигна два гола. Наполи со оваа победа го освои второто место во групата, додека Лестер како третопласиран оди во Лигата на конференции. Прв заврши Спартак Москва кој ја победи Легија во гости со 1:0.
Елмас безмилосен кон “лисиците“: И втор гол за фантастичниот Македонец! (ВИДЕО)
Мечот на „Сан Паоло“ го одбележа и тешка повреда на напаѓачот на Лацио Ирвинг Лозано. Пред крајот на полувремето тој се сопна и падна директно на коленото на Ндиди. Му беше ставена лонгета околу вратот и изнесен на носилки.
А Ренџерс освои бод на гостувањето кај Лион и со тоа го освои второто место во групата А и слави пласман понатаму. Шкотланѓаните имаат 8 бода, а Спарта и покрај победата над Брондби со 2:0 остана трет со 7 бода и ќе се утеши со Лигата на конференции. Прв овде е Лион со 16 бода.
На другите мечеви Антерпен го победи Олимпијакос со 1:0, а Фенербахче и Ајнтрахт одиграа 1:1. Од оваа група понатаму одат Ајтрахт и Олимпијакос, додека Фенербахче се сели во ЛК.
Во групата Б, патници понатаму се Монако и Сосиедад. Сосиедад во директен дуел за пласман понатаму го совлада ПСВ со 3:0, додека во незначајниот меч Штурм и Монако одиграа 1:1.
¡FUERZA CHUCKY!🇲🇽🥺
El mexicano Hirving Lozano tuvo que salir de cambio en el partido del Napoli vs Leicester City en la última jornada de la fase de grupos de la UEFA Europa League debido a un fuerte golpe en la cara. pic.twitter.com/55iZSOe4aO
— Fan10 (@SoyFan10) December 9, 2021