Славија извлече реми во Берлин и се пласира во нокаут фазата на ЛК

167

Во еден од најинтересните натпревари во вечерниот термин од 6. коло на Лигата на конференциите Унион Берлин и Славија Прага одиграа 1:1. Овој резултат му одговараше на Славија која со бодот го освои второто место во групата (8 бодови) и се пласира во следната рунда на ЛК, додека Унион остана трет (со 7 бодови).

Головите паднаа во второто полувреме, прво Шранц во 50. минута ја доведе Славија во водство, а потоа Макс Крузе изедначи. Унион имаше шанси со уште еден гол да стигне до победа и второ место но не успеа.

На другите натпревари: Базел – Карабах  3:0, Копенхаген – Слован 2:0, Феенорд – Макаби Хаифа 2:1, Омонија – Каират 0:0, ПАОК – Линколн 2:0, Витесе – Мура 3:1, Тотенхем – Рен одложен.

ПретходноЛЕ: Ристовски и Адеми го урнаа Вест Хем во Лондон (видео)
СледноБаскет Кам со пораз ја заврши сезоната во ВАБА