Дамјан Антевски, момчето родено 2005 година, и кое во моментов е член на тимот на Македонија ЃП по заршувањето на есенскиот дел од актуелната сезона, ќе замине на неколкудневен престој во тимот на Хајдук Сплит.
Овој клуб е познат како средина во која заминаа, престојуваа и иставија белег многу наши екс, но и сегашни актуелни репрезентативци и интернационалци, па на тој пат зачекорува и младиот Антевски.
Играчот за врска досега беше дел од екипите на Вардар, Работнички, а сега и од Македонија ЃП, а ќе видиме дали првиот интернацонален трансфер ќе му биде токму во Сплит.