Го бараа Реал, ПСЖ, Баерн, Интер, Атлетико, а тој отиде во Борусија Дортмунд

477

Талентираниот германски репрезентативец Карим Адејеми се договорил со Борусија Дортмунд за трансфер во овој клуб, пишува весникот „Билд“. 19-годишната ѕвезда на австрискиот Салцбург стана вистинка сензација и го привлече вниманието на многу европски клубови како ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид, Баерн, Интер, Атлетико, но тој одбрал кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд.

Адејеми ќе добие петгодишен договор од Борусиа, а трансферот ќе се реализира летоска, но сите параметри се дефинирани. Договорот на младиот фудбалер со Салцбург е до 2024 година, но засега не е позната сумата која Дортмунд ќе ја плати за него.

Адејеми е роден во Минхен, а почнал во школата на Баерн.

ПретходноПандев одигра цел меч, Џенова поразена од Сампдорија, Габијадини испиша историја (видео)
СледноМагија на Нант во вториот дел: Губеа 0:2, на крајот победија (видео)