Хулијан Алварез ќе биде зимското изненадување на Барса и новогодишниот подарок на Чави Хернадез од Жоан Лапорта.
Оваа информација во јавноста излезе пред неколку дена, но сега истата ја потврди и Фабрицио Романо.
Челниците на Барса во понеделник ќе отпатуваат за Аргентина на финални преговори со Ривер Плата, која не успеа да го убеди Алварез да потпише нов договор. 21-годишниот напаѓач е во последната година од договорот или поточно на 31 декември 2022 година.
Тој е убиствен напаѓач, постигна 21 гол на 44 натпревари за Ривер и додаде седум асистенции.
Откупната клаузула е 25 милиони евра, но Барса се надева дека Ривер ќе се согласи да го пушти за 15, бидејќи влегува во последната година од договорот.
Интересно е што во Аргентина го има прекарот „пајак“ бијдеќи на теренот изгледа како да игра фудбал со повеќе нозе од другите играчи.