Верстапен VS Хамилтон: Кој ќе биде победник во епската битка?

157

ГН на Абу Даби во ОАЕ викендов ќе го даде одговорот кој ќе биде светски шампион во Формула 1 за тековната сезона. Дали Макс Верстапен или Луис Хамилтон? Холандија против В. Британија, Ред Бул против Мерцедес.

Денеска во 14 часот се возат квалификациите а утре исто во 14 часот, на патеката “Јас Марина“, последната трка во оваа сезона. Трка која ќе го даде победникот во оваа епска битка која ги преокупораше фановите на Формула 1 уште од март оваа година.

Никогаш во историјата не се случило двајца возачи во последната трка да влезат со ист број бодови, и тоа по 369.5. Значи кој ќе биде победник или кој ќе биде пред својот конкурент тој и ќе биде светски првак за 2021 година.

Мала, сосема мала предност има новиот миленик во светот на Формула 1, Макс Верстапен. Имено ако се случи и двајцата да не ја завршат трката тогаш Холанѓанецот ќе слави зошто има една победа повеќе од својот конкурент, девет спрема осум.

Вчера и денеска во “загревачките“ квалификации Хамилтон, бранителот на титулата, и неговиот Мерцедес покажаа подобри перфоманси, сепак Ред Бул и тоа како знаат што треба да прават.

Дека ќе биде „жешко“ во Абу Даби тука нема сомневање. Ако минатата недела се водеше вистинска војна меѓу Макс и Луис во Џеда, можеме да претпоставиме што ќе биде денеска во квалификациите и утре на главната трка.

ФОТО: Formula 1.com

ПретходноНа три недели пред 37. роденден, Леброн Џејмс прави чуда (ВИДЕО)
СледноПолувреме во Кавадарци: Тиквеш води, Брегалница не искористи пенал!