Баерн со пресврт до нов триумф, Дортмунд не пројде во Бохум (ВИДЕО)

85

Тимот на Баерн Минхен продолжува да ниже победи во домашниот Бундес шампионат, иако тоа денеска го стори на потешкиот начин.

Во рамките од 15. коло, „Бацарците“ на домашен терен славеа против Маинц со конечни 2:1, но откако мораа да се враќаат од негатива. Онисиво ги доведе гостите во водство, а во вториот дел, Коман односно Мусиала, мораа да ја поправаат стуацијата за Баерн.

Од друга страна пак, тимот на Борусија Дортмунд не успеа да освои повеќе од бод на гостувањето кај Бохум, напротив, се спасуваше од пораз. Полтер погоди од пенал за Бохум во 40. минута, додека Брант во 85. минута му доенесе бод на гостинот.

Резултати:

Баерн Минхен – Маинц 2:1

Бохум – Б.Дортмунд 1:1

Фрајбург – Хофенхајм 1:2

Херта – Арминија 2:0

Ред Бул Лајпциг – Б.Менхенгладбах 4:1

ПретходноЧелзи едвај против Лидс, Салах го спаси Ливерпул од пенал (ВИДЕО)
СледноАлкалоид моќно против Астраион за 11 победа