Ибра го спаси Милан од пораз во Удине (ВИДЕО)

420

Лидерот во Серија А, екипата на Милан, благодарение на голот на Златан Ибрахимовиќ во 92. минута успеа да се спаси од сигурен пораз на гостувањето кај Удинезе. Домашните имаа голема шанса да му го нанесат третиот сезонски пораз на тимот на Стефано Пиоли, но на крајот не издржаа.

Со голот на Бето од 17. минута, Удинезе беше на добар пат да ја оствари првата победа во ерата на новиот тренер Чиофи, но Ибра не дозволи тоа да се случи вечерва во Удине.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМилнер е во ТОП 4 фудбалери со најмногу настапи во Премиер лигата
СледноРеј Ален: Ќе бидам на натпреварот кога Кари ќе го собори мојот рекорд