Дербито од домашниот ракометен шампионат помеѓу екипите на Е.Пелистер и Вардар кој се игра в среда во Битола, ќе биде проследен од голем број на публика. Од Битола штотуку пристигна веста дека билетите за овој меч се распродадени за само еден час, што значи дека во „Градот на Конзулите“ владее буквално ракометна треска.
Интересот за мечот против Вардар е огромен, и тука нема дилеми. Е. Пелистер ќе има огромна поддршка, и Битолчани ќе направат се за да го победат големиот ривал.










