Како ретко кој тренер, Зекирија Рамадан може да се пофали дека со три различни клубови освоил шампионска титула во една држава. И тоа странска. Поуларниот Зеко годинава е шампион на Косово со тимот на Приштина, а претходно тоа му појде од рака и во сезоните 2016/2017 со тимот на Трепча, и со тимот на Фероникели во сезоната 2018/2019.
Рамадан очигледно знае како тоа се прави во шампионатот на Косово, каде што е проверен квалитет и каде што доколку некој сака успех, ќе мора него да го има на клупата.
Сезонава не беше лесно да се дојде до титулата, Приштина имаше голема конкуренција во тимот на Дрита, но кога беше најпотребно шампионското искуство на Рамадан дојде до израз.
Ако на сето ова се додаде дека и со тимот на Шкупи по долги години одсуство заигра во Европа, односно избори пласман на интернационална сцена тогаш станува јасно дека кога говориме за Зеко, сметаме на еден од најперспективните фудбалски стратези кои Македонија ги има во моментов.