Тотенхем е фаворит за потписот на Инсиње

141

Според добро информираниот новинар, Фабио Сантини, во следниот преоден рок, тимот на Тотенхем со сите сили ќе се обиде во своите редови да го доведе напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Спортскиот директор Фабио Паратичи и менаџерот Антонио Конте се опседнати да го доведат во клубот, вели Сантини. Договорот на 30. годишниот крилен напаѓач истекува на крајот на сезоната и во оваа фаза тој не може да се договори со шефовите на Наполи за негово повторно потпишување. Затоа „Спарси“ будно ја следат ситуацијата и веќе работат на евентуален трансфер сега или на лето.

“Најблиску до Инсиње е Тотенхем. Нивниот спортски директор Фабио Паратичи внимателно ја следи ситуацијата. Во исто време, Аурелио Де Лаурентис не е особено загрижен поради овој факт, бидејќи за него преселбата во Англија е подобра опција од заминувањето. Антонио Конте е луд по Лоренцо Инсиње и дури се надева дека ќе го има уште од јануари. На Инсиње му годи интересот на Паратичи и Конте, но не сака да го остави Наполи на сред сезона. Неговиот агент имал средби и со Интер и Јувентус, но во моментов Тотенхем е фаворит за потпис со него“, откри Фабио Сантини.

ПретходноМарсело и Модриќ позитивни на Ковид-19
СледноПолувреме во Битола: “Вечните“ со многу шанси, но мрежите мируваат…