Неверојатно, чудно. Имено како што јавуваат попладнево медиумите во Италија, соиграчот на нашиот Елиф Елмас, Костас Манолас е уапсен на аеродромот во Неапол. Имено кај него се пронајдени повеќе од дозволен кеш. Тоа според законите во Италија е недозволено и затоа интернационалецот од Грција бил уапсен.
Манолас се бранел со тоа дека извадил готовина зошто му била потребна за во Грција, но објаснето му било дека тоа не е доволено. По изјавата што ја дал, Манолас е пуштен, но јасно дека допрва ќе си има проблеми.
Инаку сезоната е во тек, Манолас добил дозвола од Наполи и тренерот Спалети да отпатува во својата Грција на неколку дена.