Денеска ждрепката во Лига Нации: Бугарија, Косово и Гибралтар би била добра група за нас!

799

Денеска во Нион во 18 часот ќе се одржи ждрепката за третото издание на УЕФА Лигата на Нации. Да се надеваме дека УЕФА нема да има проблеми со ждрепката како што беше пред неколку дена кога имаше скандалозна ждрепка во Лигата на Шампионите.

Нашата најдобра фудбалска репрезентација се наоѓа во Лигата – Ц, а за самата ждрепка е поставена во вториот шешир или ПОТ-2.Таму се уште Грција, Белорусија и Луксембург, значи овие селекции не можат да ни се паднат.

Во првиот шешир или ПОТ-1 се Турција, Словачка, Бугарија и С. Ирска. Не би било добро да добиеме една од првите две. Во третиот шешир или ПОТ-3, сместени репрезентациите на Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово. Додека во четвртиот се победникот од Казахстан/Молдавија, победникот од Кипар/Естонија, овие мечеви се играат во март, Гибралтар и Ф. Острови.

Прогнозата вели дека за нас, Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Косово и Гибралтар би била добра група и тоа од повеќе причини.

Интересно е тоа што УЕФА сеуште го нема детализирано форматот за ова натпреварување, за тоа кои селекции и кои победници, пред се на каков начин, би се нашле на ЕП 2024 година.

Да потсетиме дека во првото издание на Лигата на Нации, Македонија преку Лигата-Д како победник обезбеди пласман на ЕУРО 2020. Во второто издание во кое игравме во Лигата – Ц, каде што сме сега. Во решавачкиот меч со Ерменија загубивме и не се пласиравме во Лигата – Б.

Новиот циклус во Лигата на Нации стартува во јуни 2022 година.

ОВА СЕ ШЕШИРИТЕ ЗА ЖДРЕПКАТА ВО Ц-ЛИГАТА НА НАЦИИ

ПОТ-1: Турција, Словачка, Бугарија, С. Ирска

ПОТ-2: Грција, Белорусија, Луксембург, МАКЕДОНИЈА

ПОТ-3: Литванија,Грузија, Азербејџан, Косово

ПОТ-4: Казахстан/Молдавија, Кипар/Естонија, Гибралтар, Ф. Острови

ПретходноПелистер го натера екс-стратегот на Соколи на сочни „пцовки“: Мајмуни, ќе ви е**м…(ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје во нов поход на Сараево – на дневен ред е Спарс