На 30. мај ќе бидат познати финалистите!

357

Пелистер, Работнички, Еуро Никел 2005  и МЗТ Скопје Аеродром се четири имиња кои обезбедија место во полуфиналето на плеј-офот. По завршување на вчерашниот дуел меѓу МЗТ Скопје и Куманово, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ го објави распоредот за битките кои носат место во финалето.

Натпревари во полуфиналната серија ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“, првите мечеви на програмата се во среда, втората средба е закажан за два дена подоцна, додека ако треба мајсторката истата ќе се игра на 30. овој месец кога ќе биде познато името на финалистите.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

26. МАЈ (СРЕДА)

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Работнички – Еуро Никел 2005

28. МАЈ (ПЕТОК)

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Еуро Никел 2005 – Работнички

30.МАЈ (НЕДЕЛА)

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Работнички – Еуро Никел 2005

ПретходноБиелса се договори за нов договор со Лидс
СледноKOНЕЧНО: По 16 години славниот Брондби одново е шампион на Данска!