Лига на нации: Македонија отвора против Бугарија на гостински терен!

340

Во Нион, седиштето на УЕФА беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023.

Македонската фудбалска репрезентација е во групата 4 од Ц сегментот со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Избраниците на селекторот, Благоја Милевски ова натпреварувањето го отвораат на гостински терен против Бугарија, дуел кој е закажан на 2. јуни следната година. Првиот домашен натпревар, Македонија ќе го одигра против Грузија на 9. јуни 2022.

2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

ПретходноРеволтирани од поразот: Навивачи на клуб од Серија А ги затворија фудбалерите
СледноМбапе пресече, на ПСЖ му остана да му посака среќа