Диего Коста се враќа во Шпанија?

278

Диего Коста би можел да се врати во Европа откако му помогна на Атлетико Минеиро да ја освои титулата и Купот на Бразил оваа сезона. Тој го раскина договорот со Атлетико Мадрид во декември 2020 година и беше без клуб седум месеци пред да потпише со Минеиро.

Според „Мундо Депортиво“, шпанските тимови Кадиз и Елче ја следат ситуацијата со Коста, кој во јануари би сакал да се врати во Европа. Коста има уште една година од договорот со бразилскиот шампион, но лесно би можел да ја заврши соработката доколку добие пристојна понуда од шпанските тимови.

ПретходноНовиот претседател на ФИА лут на Хамилтон најави дека ќе го казни
СледноПелистер ја продолжи очајната серија порази во АБА 2 лигата