Проблем за Баерн – Коман бара двојно повеќе пари за да остане!

53

Преговорите околу евентуалниот нов договор на Кингсли Коман со Баерн Минхен наидоа на потешкоти и засега не е јасно дали двете страни ќе успеат да се договорат. Фудбалерот има високи финансиски побарувања, а Баерн се изненадени од сумата.

Претставниците на Коман се разочарани од понудата на Баерн. Тие сметаат дека Коман треба да заработува меѓу 16 и 17 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од сегашната плата. Според „Билд“, таткото на 24-годишниот светски шампион со Франција го ангажирал агентот Пини Захави да започне преговори со клубови од Англија.

А Захави може да му „среди“ трансфер на Французинот во Манчестер Јунајтед, каде би ја земал саканата плата. Баерн ќе размисли пред да одлучи што ќе прави со крилниот напаѓач кој има договор до летото 2023 година.

ПретходноШампионот стартуваше со пораз во НБА плеј-офот
СледноНова драма во првенството на Словенија: Мура стана сензационален првак (ВИДЕО)