Тимот на Виљареал во рамките од тековното 18. коло во Шпанската Примера попладнево славеше на гостински терен со конечни 1:3, кај тимот на Реал Сосиедад.
Иако гостите на овој меч беа во негатива по половина час игра затоа што за домашните погоди Исак, сепак, тоа не ги спречи да направат комплетен пресврт и да дојдат до три бода.
На два пати погоди Морено кој е најзаслужен за пресвртот, а потоа во судиското продолжение Чуквуезе ги постави конечни 1:3.
Сосиедад во моментов е шести на табелата со 29. бодови, додека Виљареал е десетти со 22.