Манчестер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја доби наградата „сер Алекс Фергусон“, за најдобар менаџер на изминатава сезона во Премиер лигата во изборот на Асоцијацијата на премиерлигашки менаџери во Англија.
Шпанскиот стратег ја освои шампионската титула во Премиер лигата со Манчестер Сити, како и трофејот во Лига Купот на Англија. Го одведе тимот и до финалето во Лигата на шампионите против Челзи.
Тој оваа награда ја добива втор пат во кариерата.