Денвер успеа да изедначи во плеј-офот против Портланд, славеше со 128-109. Во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ. Српскиот репрезентативец мечот го заврши со 38 поени, осум скока и пет асистенции.

Нагетси од самиот почеток имаа предност, по првата четвртина домаќинот имаше водство од 31-25, додека во вториот период Портланд немаше решение за играта на противникот, па на одморот негативата беше 73-61. Ништо не промени ниту во продолжение на мечот, на крајот Денвер сосема заслужено дојде до победа за изедначување во серијата.
Во составот на Портланд, Лилард имаше 42 поени, десет асистенции и четири скока, кои не беа доволно за триумф.
Синоќа играа Милвоки и Мајами, а Бакси поведоа со 2-0, откако го декласираа Мајами со 132-98.
ФОТО: Денвер/Твитер