Кошаркарите на Денвер изедначија на 1-1 во плеј-оф серијата, откако го совладаа Портланд со 128-109.
Домашниот тим до триумфот дојде благодарение на Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со 38 поени, седум скока и пет асистенции.
По натпреварот Јокиќ даде изјава за ТНТ, а во студиото беше Шекил О’Нил. Легендарниот кошаркар имаше подготвено реченица на српски јазик, му честиташе на Србинот, а овој пак беше изненаден.
„Одлично одигра брате“, се зборови на Шек. Јокиќ на прв момент не го разбра добро Шек, но откако ја повтори истата реченица му се заблагодари.
„Ти благодарам“, му порача Јокиќ.