Рајковиќ го урна евролигашкиот состав на Чави Пасквал

987

Емил Рајковиќ и неговиот Саратов продолжуваат со фантастичните игри оваа сезона во ВТБ лигата. Тимот на македонскиот стратег дојде до седмата победа во низа, откако на гостински терен го совлада Зенит предводен од Чави Пасквал со 74-83.

Саратов е на врвот на табелата во ВТБ лигата со скор од осум победи и само еден пораз, пред Уникс Казан, кој има ист скор и ЦСКА Москва која има еден пораз повеќе.

Добрата игра во првата четвртина им донесе стабилност во играта на Рајковиќ и неговите момци, истата ја добија со 21-30, на полувремето беше 33-44. Во продолжение Зенит имаше неуспешни обиди да се врати на овој дуел, Саратов искусно го приведе мечот.

ПретходноБарди даде гол, но Леванте загуби од градскиот ривал (видео)
СледноДоделени лауреатите „Златна Олимпија“ за најуспешни жени во спортот