Хет-трик на Нкетиа за пласман на Арсенал во полуфиналето на Лига Купот (ВИДЕО)

108

Фудбалерите на Арсенал се први патници во полуфиналето на Лига Купот на Англија. Вечерва на „Емирати“ во Лондон, „топчиите“ славеа со убедливи 5:1 против екипата на Сандерленд и го визираа своето место во полуфиналето.

Вечерва блескаше младиот 22-годишен голгетер на домашните, Едвард Нкетиа, кој постигна хет-трик. Најпрво погоди за водство од 1:0 во 17. минута, а во второто полувреме постигна уште два гола во 49′ и 58′. Стрелец на вториот гол за домашните беше Пепе, додека во судиското продолжение во листата на стрелци се запиша и Патино.

Утре на програмата се преостанатите три четврфинални дуели.

ПретходноАзпиликуета не сака во Барселона, бара нов договор од Челзи
СледноЈуве продолжи со победи, Џенова извади бод против Аталанта (ВИДЕО)