ПОЧНУВА МИСИЈАТА ЕП 2022: Лазаров денеска прозива!

247

Македонската ракометна репрезентација почнува со мисијата ЕУРО 2022 кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Селекторот Кирил Лазаров денеска (12 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе прозива.

На списокот се најдоа 24 ракометари, четворица од нив ќе се приклучат подоцна. Станува збор за Никола Митревски, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, кои имаат обврски кон клубовите.

Македонската репрезентација по собирот и тестирањето за коронавирус ќе замине во Маврово каде ќе го одбработи првиот дел од подготовките, но и ќе одигра два од четирите контролни натпревари. Прв спаринг партнеr е селекцијата на Кувајт, мечевите се закажани за 27 и 29 декември. По враќањето во Скопје, ракометарите ќе ги одмерат силите со Израел, мечеви кои се закажани за 3. и 4. јануари.

Македонија ќе игра во Дебрецин, на првиот меч од групната фаза ќе се сретне со Словенија на 13. јануари, втор противник е Црна Гора (15. јануари), додека групната фаза ја затвора против Данска на 17. јануари. За пласман во главната рунда, нашите момци треба да завршат на едно од првите две места.

ПретходноСевиља и Барса поделија по бод (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ се врати на терените после речиси два месеци пауза!