Билиќ се враќа од Кина за да го преземе турскиот гигант

314

Славен Билиќ кој пред точно една година изненадувачки реши тренерската кариера да ја продолжи во Кина, се враќа во Европа. Како што пишуваат турските весници, Хрватот кој го води тимот на Пекинг Гуан, ќе биде нов тренер на Фенербахче.

Билиќ се договорил за се со првите луѓе на турскиот гигант и во следните неколку дена ќе го преземе тимот. Фенер по 17 кола во турскиот шампионат е само шести, а заостанува 17 бода зад водечкиот Трабзонспор.

„Фанатик“ тврди дека Билиќ веќе се договорил со челниците на Фенербахче за годишна плата од 2,9 милиони евра.

ПретходноТомовски: Да останеме здрави! Нема лесни противници на ЕП!
СледноСинот на Шумахер следната сезона може да вози за Ферари!