Синот на Шумахер следната сезона може да вози за Ферари!

215

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик добива нова улога во Формула 1 следната сезона. Покрај неговата улога како редовен возач за тимот на Хаас, 22-годишниот Мик ќе биде достапен и како заменски возач на Ферари во наредната сезона. Договорот се однесува на единаесет од 23 трки во сезоната 2022 година.

„Не смееме да заборавиме дека Мик е возач на Ферари“, вели тимскиот шеф Матија Биното.

„Тој е дел од нашата јуниорска академија. Ја водиме оваа програма за да го добиеме следниот возач на Ферари“.

ПретходноБилиќ се враќа од Кина за да го преземе турскиот гигант
СледноМенди доби уште едно, седмо обвинение за силување!