Клоп: Во оваа ситуација не треба да се игра секој втор ден

131

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази незадоволство што Премиер лигата и натаму е со истиот распоред околу новогодишните и божиќните празници и покрај се поголемиот број на заразени по клубовите. Токму „Редси“ на 26 декември ќе му гостуваат на Лидс во натпревар од 19. коло на англискиот шампионат, а на 28 декември ќе гостува кај Лестер во натпревар од 20. коло. Клоп смета дека е дојдено време да се преземат соодветни мерки и мечевите да не се играат така често.

„Не можам да не ја забележам растечката вознемиреност во општеството, а особено во фудбалот поради ситуацијата со коронавирусот“, изјави германскиот стручњак. На сите им е тешко во оваа неизвесна средина, но ќе повторам и ќе кажам дека мора да продолжиме да играме додека не ни кажат дека не е безбедно или правилно да го правиме тоа, изјави Јирген Клоп, по повод неговиот став за продолжението на првенство.

Верувајте ми, кога ќе дојде време, ќе следиме сè што ни е кажано дека е соодветно за здравјето и безбедноста на сите. Нема да се спротивставиме ни за момент“, додаде Клоп.

Во исто време, верувам дека треба да бидеме внимателни со планирањето на натпреварите. Недостатокот на време за опоравување и подготовка за играчите во овој период е клучно. Мислам дека не е правилно да се инсистира тимовите да играат на секои два дена во тековната ситуација“, коментира Германецот.

ПретходноСилекс традиционално во Анталија, првата контрола со Металац од Србија
СледноЏо Џонсон се реактивираше на 40. години