Бројот на новозаразени со Ковид-19 низ целиот свет од ден на ден расте. Голем број на клубови се соочуваат со проблеми, токму поради ова земјите превземаат строги мерки пред празниците, дел целосно се затвараат.
Една од земјите кои има големи бројки на коронавирус е Словачка, еден од двата домаќинот на претстојното Европско ракометно првенство, кое закажано за јануари.
Германски весник „Билд“ пишува дека ова натпреварување наместо во две држави би можело да се игра во една, односно во Унгарија. Но, засега ваква потврда дена, овие информации засега се шпекулации. Од друга страна пак нема да биде изненадување ако дојде до промени.
За потсетување ЕП во женска конкуренција наместо во две земји, Норвешка и Данска, се одржа само во Данска.
Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од ова континентално натпреварување, мечевите ги игра во Дебрецин.