Жестока пресметка на навивачи во Лондон, едно лице остана беспомошно да лежи (ВИДЕО)

275

Навивачите на Тотенхем и Вест Хем се степаа пред натпреварот од Лига купот во средата вечерта, а снимката од тепачката брзо се прошири на социјалните мрежи и ја згрози јавноста. Во разбивањето на завојуваните мораше да се вклучи и полицијата, а снимените делови од тепачките докажуваат дека има и повредени.

На видеата кои можат да се најдат на Твитер се слушаат погрдни извици, но се гледа и дека едно лице лежи неподвижно по конфликт со ривалските навивачи. На Твитер се дознава и дека дотичниот подоцна се освестил и е добро.

Навивачите се судрија и со полицијата. Тотенхем победи со 2:1 и се пласираше во полуфиналето на натпреварувањето во кое ќе игра против Челзи. За финале ќе се борат и Ливерпул и Арсенал.

Претходно„Го уништија фудбалот, сите мечеви се наместени“
СледноБарселона го изедначи рекордот на Цибона