Ливерпул води во трката по полски талент

114

Ливерпул е во многу подобра позиција во трката по новиот полски талент Каспер Козловски, пишува полското издание „Спорт Експрес“. Досега Брајтон се сметаше за фаворит за 18-годишниот фудбалер на Погон, но сега од „Енфилд“ го водат главниот збор за играчот од средниот ред.

Тој во 2019 година дебитираше за првиот тим на Погон и е стандарден играч, постигна три гола на 16 натпревари меѓутоа неговата специјалност се асистенциите поради што го сврте вниманието на клубот од „Енфилд“ кој бара токму такви играчи.

За овој фудбалер има понуди и од германски екипи (Дортмунд, Менхенгладбах…) но Брајтон и Ливерпул имаат највисоки понуди. Брајтон понудил 8 милиони, но понудата на Ливерпул е 10 милиони фунти.

Инаку договорот на овој младински полски репрезентативец со Погон е до 2023 година.

ПретходноВо Италија нема да ги затворат стадионите но ќе има строги контроли
СледноБарса успеа: Дембеле останува на „Ноу Камп“ и за помала плата