Ѕвезда на Гремио оди во Фенербахче, Пјонтек на радарот на Галатасарај

99

Турските медиуми утринава излегоа со „бомбастичен трансфер“ во кој е вклучен Фенербахче и еден од најдобрите фудбалери во бразилската Серија А во моментов. „Фотомеч“ пренесува дека Фенер го контактирал Гремио за трансфер на 23-годишното лево крило Фереира. Неговата цена изнесува 7,5 милионие евра, а двете страни закажале нов состанок на почетокот на идната недела каде се очекува подетално да ги договорат условите.

Инаку Фереира досега за Гремио одиграл 92 натпревари со рекорд од 18 голови и 19 асистенции. Тој по потреба може да игра и како напаѓач.

Од друга страна „Фанатик“ открива друг можен трансфер. Полскиот напаѓач Кржиштоф Пјонтек во Галатасарај. Некогаш беше голема ѕвезда во Џенова, потоа направи трансфер во Милан каде што не се снајде па ја напушти Италија и моментално е член на Херта. Галатасарај го сака на позајмица до крајот на сезоната со опција да го откупи неговиот договор во текот на летниот преоден рок.

ПретходноБарса успеа: Дембеле останува на „Ноу Камп“ и за помала плата
СледноИ двата тима одат на одмор: Битолчани го одредија датумот на подготовки!