Црвена Звезда се пофали со Охи

438

Тимот на Црвена Звезда денеска го промовираше интернационалецот од Норвешка, Охи Омоиџуанфо како свое најново засилување.

Напаѓачот доаѓа од тимот на Молде, каде што бил најдобар стрелец и каде што важел за еден од најквалитетните напаѓачи во шампионатот на Норвешка.
Од друга страна пак, Звезда го добива како слободен играч затоа што во меѓувреме му завршил договорот. На „Рајко Митиќ“ ќе заработува 420.000 евра по сезона, како што пренесуваат медиумите во Србија, и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот на Црвена Звезда во навалните редови.

 

ПретходноБрозовиќ во Интер до 2025 година
СледноНово одложување во Премиер лигата, Барнли и Евертон не играат на „Боксинг деј“