Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти решил да го напушти Торино во текот на летото и како слободен играч ќе си бара нов клуб. Белоти има договор со Торино до крајот на сезоната, а се зборува дека за него е сериозно заинтересиран Интер.
Како што пренесува „Тутомеркато“ повикувајќи се на весникот „Ил Џорнале“, Интер е заинтересиран да му понуди добра сума како плата за најмалку 3-годишен договор . 28-годишниот фудбалер е решен да го промени тимот, а миланезите можат да преговараат со него вече од 1 јануари.