Џејмс Родригез пред два месеци ги изненади сите со својата одлука, го напушти Евертон и потпиша за катарски Ал-Рајан.
How did you miss the opportunity, Blue Jamespic.twitter.com/OpxeOEzzjp
— 🅩🅘🅩🅞🅤 (@zi_53) December 24, 2021
Џејмс Родригез пред два месеци ги изненади сите со својата одлука, го напушти Евертон и потпиша за катарски Ал-Рајан.
Пред да замине во Катар, тој го загуби местото на првотимец во редовите на Евертон, откако не ги исполни очекувањата на Рафа Бенитез.Но, во новата средина само го продолжи кошмарот. Веќе во четвртиот натпревар за Ал-Рајан доби црвен картон поради удирање на судијата и подоцна беше суспендиран речиси два месеци.
Колумбиецот конечно се врати на терените, но со својот нов изглед ги шокираше сите. Ја обои косата сина и стана главна тема на социјалните мрежи.
Navidad distinta pero nunca dejando de aprender. Me sentí bastante bien hoy. Siempre positivos. 🔜 pic.twitter.com/FZLBtS8oqz
— James Rodríguez (@jamesdrodriguez) December 24, 2021
Колку е далеку од формата најдобро покажува ситуацијата на натпреварот против Катар, на кој неговиот тим беше поразен со 1-0, а тој ја промаши зицер и се посрамоти.
Џејмс некогаш беше еден од најголемите таленти во светот, но направи серија погрешни потези во кариерата кои на крајот го чинеа. Иако има само 30 години, јасно е дека е далеку од вистинската форма, а заминувањето во Катар потврди дека повеќе не е толку мотивиран кога е фудбалот во прашање.
How did you miss the opportunity, Blue Jamespic.twitter.com/OpxeOEzzjp
— 🅩🅘🅩🅞🅤 (@zi_53) December 24, 2021