Барселона пред Димитриевски договори уште еден трансфер

1185

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ги полни спортските страници на медиумите во светот. Според шпанските новинари, тој треба да биде новиот чувар на мрежата на овој клуб. Додека се чека целосната разврска, раководството реши еден трансфер.

Сите документи се подготвени, наскоро се очекува официјалното официјализирање на Феран Торес како нов играч на Барселона, пренесува Фабрицио Романо. Шпанска Марка открива дека почетната вредност на трансферот ќе биде 55 милиони евра кои Барселона ќе му ги исплати на Манчестер Сити на четири рати, од кои првата ќе биде следното лето.

Во договорот има и четири клаузули кои можат да ја зголемат вкупната сума на трансферот на 65 милиони евра. Клаузулите ќе се активираат доколку Барселона ја освои Лигата на шампионите и Торес одигра најмалку 70 отсто од натпреварите, ако ја освои Златната топка, ако ја освои Златната копачка и ако Барселона го продаде за повеќе од 100 милиони евра.

Торес на 20 години дојде во Сити од Валенсија за 23 милиони евра. Тој во Премиер-лигата за година и пол одигра 28 натпревари, постигна девет гола и четири асистенции.

Неговата одлука да потпише за Барселона ја поздрави и Пеп Гвардиола, за што Торес е благодарен.

ПретходноСкандал во најсилната европска лига: Тренер со бокс го удри најмладиот играч во тимот (ВИДЕО)
СледноДарко Дамјановски: После 4 години тероризам, суспензија од активисти на СДСМ и АМС се враќам!