Дедо Мраз пак го заобиколи Ноу Камп: Играчите нема да добијат божиќни подароци

259

Според шпански „АС“ фудбалскиот клуб Барселона е во толкава финансиска криза и се обидува да заштеди пари од сите страни. Оваа година е одлучено фудбалерите да не добијат никакви божиќни подароци.

Ова е втора година по ред како Дедо Мраз го заобиколува „Ноу Камп“ и фудбалерите нема да добијат никаков подарок од клубот.

Од минатата година управата го затегна ременот и се фрли на штедење со оглед на лошата финансиска ситуација. Фудбалерите беа принудени на намалување на платата, откажани бонуси, беа откажани патувања, дел од играчите со високи примања беа продадени…

ПретходноПретходно одев по забави и пиев, Мурињо кога дојде ме промени
СледноЅвездите на Шкендија поделија новогодишни пакетчиња (ФОТОГАЛЕРИЈА)