Ангели без шанси со Куманово, го запишаа и 12-тиот пораз во серија

120

Денеска се играат натпревари од македонската кошаркарска Прва лига, а екипата на Ангели го запишаа 12-тиот пораз по ред и со тоа останаа без победа во елитата. Домашните доживеаа пораз од Куманово со 76:104 иако достојно им парираа до финишот на првото полувреме, а потоа немаа сили да го издржат пеколниот ритам. До истекот на 20. минути Куманово направи серија од 14:2 со која се одвои на двоцифрена предност (53:39).

Најмногу поени за Куманово постигна Мексвејн (20), а кај Ангели Атанасов уфрли 21 поен.

Ангели се заковани на последното место на табелата.

ПретходноНавивачите на Работнички со нова порака: За сликање се местеше прв – малиот арогантен црв
СледноРаботнички на колена пред малите „штркчиња“ (ФОТО)