Ливерпул не планира да прави никакви купувања во текот на зимскиот преоден рок. Според информациите од клубот, „црвените“ се комплетно задоволни со ростерот со кој располагаат и не сметаат дека им се потребни дополнителни инвестиции во тимот оваа зима.
Клоп на последната средба со спортскиот менаџмент на клубот отворено разговарал за нови засилувања, но на лето. Тимот на Јирген Клоп е на второто место во Премиер лигата со 3 бода помалку од водечкиот Манчестер Сити и до крајот на сезоната главната аспирација е освојување на шампионската титула.
Сепак, останува прашањето дали комплетниот ростер на Клоп ќе остане во јануари или дел од резервистите ќе заминат на позајмици до крајот на сезоната.