Кошаркарите на Њујорк Никс остварија многу важна победа на Божиќ. Тимот на Том Тибодо славеше во првиот божиќен дуел во НБА вечерва над Атланта Хокс со 101:87 во „Медисон Сквер Гарден“.
Двата тима имаа „тенки“ состави главно поради Ковид проблемите. Домаќините беа без Дерик Роуз и Норлан Ноел, но „јастребите“ беа далеку по „десеткувани“ без клучни играчи како Треј Јанг, Данило Галинари, Кевин Хертер, Лу Вилијамс и Ди’Андре Хантер.
Џулиус Рандал одигра одличен натпревар за Никс и заврши со дабл-дабл од 25 поени и 12 скока. Еван Фурние и Квинтон Грајмс додадоа уште 15 поени.