Гвардиола револтиран: Не можам да верувам дека луѓето престанаа да носат маски

390

Пеп Гвардиола смета дека навивачите на стадионите треба да носат маски. Порача дека не му е јасно зошто правилото е променето.

Во Премиер-лигата во последните неколку дена се откажани неколку натпревари поради зголемен број на позитивни случаи на коронавирус, а Гвардиола смета дека на стадионот навивачите го пренесуваат меѓу нив вирусот.

„Не би сакал повторно да играм пред празни трибини. Различно е кога навивачите се тука, но бројот на позитивни случаи во светот постојано се зголемува, и тоа не само меѓу играчите. Луѓето на стадионите можат да го загрозат своето здравје бидејќи носењето на маски не е задолжително“, изјави Пеп.

Тој е изненаден и од останатите мерки.

„Ме изненеди фактот дека во трговските центари луѓето не носат маски, а од почетокот на пандемијата постојано се апелираше дека најдобра заштита се токму маските и дезинфекција на рацете. Мора да се вратиме на први мерки, да држиме дистанца и да носиме маски. Само на овој начин ќе имаме отворени ресторани, сали, ќе гледаме фудбал. Не се потребни нови забрани“.

Неговиот Манчестер Сити кој е лидер во Премиер-лигата денеска игра против Сити во 16 часот.

ПретходноПадна божиќен рекорд, Леброн заврши на „постер“, Лејкерси влегоа во криза (ВИДЕО)
СледноМакедонскиот селектор мораше да оди на операција